Петков: Одбраната и самодовербата беа клучни!

98

Феникс е вториот полуфиналнист на Купот на Македонија, во драматична завршница овој тим беше подобар од Гостивар со 70-72. Петков и Трајковски беа двајцата играчи кои беа клучни во финишот.

Марин Петков, средбата ја заврши со 11 поени, по мечот кажа дека очекувал меч кој ќе се решава во последните секунди.

„Одбраната и самодовербата беа пресудни. Знаевме дека ќе биде незвесно до последна секунда. Верувавме во себе, очекувавме победа. Уште еднаш се покажа дека на вакви мечеви ништо не се знае до последниот момент, затоа се интересни“, изјави Петков. 

Гостивар имаше шанси, но не ги искористи, тренер на овој тим како пример на Феникс го посочи Бојан Трајковски.

„Најпрво, сакам да му честитам на Феникс и да му посакам среќа. Мечот беше неизвесен, нијанси решаваа за полуфинале. Игравме на една до две топки на крајот, победи малку и искуството кај противникот, затоа што Феникс го има Бојан Трајковски на пример во екипата“, изјави Малинков.

ПретходноКУП НА МАКЕДОНИЈА: Феникс ја доби драмата со Гостивар за полуфинале (ФОТО)
СледноБаерн од „Алијанц“ ќе добие нови 130 милиони евра