Пик Сегед му го зеде скалпот на Кил!

124

Една недела по поразот на гостински терен од Алборг, Пик Сегед дојде до значајна победа во битката за подобро место во нокаут фазата. Унгарскиот првак на домашен терен го совлада Кил со 36-33 во рамките на 12 коло во Лигата на шампиони и воедно му се одмазди за поразот во првиот дел.

Пик Сегед се има десет бода, два помалку од Кил и се наоѓа на петото место во групата Б. До триумфот дојде по пресврт, на одморот имаше негатива од три гола (14-17), по што одигра одлично во вториот дел, кој го доби со 22-16.

Иманол Гарсијандија постигна седум гола, Миклер имаше 13 одбрани. Во редовите на Кил Сагосен беше стрелец на седум гола.

ПретходноЦиркус во ПСЖ: Мбапе ги повика соиграчите да јадат здрава храна, а Нејмар веднаш замина во МекДоналдс! (ФОТО)
СледноЛЕ: Реми со четири гола меѓу Барса и Јунајтед, а Рома поразена во Салцбург (видео)