Половина од играчите на Манчестер Ј. не сакаат враќање на Гринвуд

299

Во соблекувалната на Манчестер Јунајтед нема консензус дали Мејсон Гринвуд треба да се врати во клубот.

Гринвуд (21) беше суспендиран минатиот јануари, откако беше обвинет дека ја нападнал својата девојка. Тој подоцна беше уапсен, но сите обвиненија сега се отфрлени поради „повлекување на клучните сведоци“ и појава на „нов доказен материјал“.

Иако Мејсон повеќе не е под истрага, клубот не брза да го врати и води внатрешна истрага. „Тајмс“ објави дека мислењето во соблекувалната е поделено.

Во написот се наведува дека голем дел од играчите кои биле консултирани имаат „сериозни сомневања“ за враќањето на Гринвуд. Останатите „немаат ништо против“ тој да ја продолжи кариерата на „Олд Трафорд“ со оглед на тоа што не е прогласен за виновен.

Познато е дека женскиот тим на Јунајтед објави дека е „сериозно загрижен“ за можноста за враќање на Мејсон.

ПретходноГачевски со порака до фановите: Не смееме да дозволиме Вардар да пропадне! (ВИДЕО)
СледноСудии за ПМФЛ: Ставрев ќе го суди супер-дербито во Кичево, Грујоски “главен“ во Кавадарци!