Откако Салернитана вчера го отпушти тренерот Давиде Никола и го замени со Пауло Соуса, уште еден тим од Серија А одлучи да го отпушти својот тренер.
Специја се раздели со тренерот Лука Готи и наскоро се очекува клупско соопштение за именување на ново тренерско име.
Специја победи само на една од последните седум натпревари во Серија А и по ремито 2-2 на гостувањето кај Емполи во текот на минатиот викенд, се наоѓа на само два бода од зоната за испаѓање.
Лука Готи добива отказ втора сезона, бидејќи минатата година беше отпуштен од Удинезе. Следниот натпревар на Специја ќе биде в недела на домашен терен против Јувентус.
Главен кандидат за заменик на Лука Готи е Леонардо Семпличи, поранешен тренер на СПАЛ и Каљари, кој веќе неколку дена е во преговори со раководството.