Претседателот на Шкупи официјалната ФБ страна на клубот ја користи за лични пораки, фановите негодуваат!

3832

Сајтот на еден клуб, ФБ страна, но и сите останати социјални мрежи се користат за информирање на јавноста за активностите во клубот. Но никаде не се видело да се прави она што го прави Олгун Ајдин, првиот човек на Шкупи. Тој ФБ страната на клубот ја користи за се, па дури и за политички пораки, но и за себе промоција. Навистина чудно. И затоа илјадниците фанови на Шкупи, на нашиот шампион, реагираат, и со право. Коентарите се крајно негативни. Еднаш, двапати може да мине, но секојдневно да се испраќаат лични пораки и заблагодарувања, е тоа е многу.

Очигледно е дека тој не знае за доста, не сфаќа дека со тие објави му штети само на клубот, на “својот“ Шкупи.

Факт е дека Ајдин и не е баш омилен кај фановите на првакот, но што е тука е.

Инаку повеќе од јасно е дека Македонија сочуствува со нам блискиот народ во Турција, со братскиот турски народ по катастрофалниот земјотрес, каде што има, и во Сирија, повеќе од 40.000 мртви, но во некои работи Ајдин претерува.

ФБ на Шкупи, оној официјалниот, е за спорски вести, не е за политички објави. Ако сака нешто повеќе, Ајдин на својот ФБ профил нека стави што сака.

Како на пример онаа чудна објава со која тој му се заблагодарува на премиерот на Албанија, Еди Рама.

Невкусно, ќе се сложите, кога еден Турчин ќе напише

Му се заблагодарувам на нашиот премиер на Албанија за донацијата од 1 милион евра за нашата земја“.

А неговата земја нели е Турција, а чив премиер е Рама?

Каша попара…

А ако не знае Олгун Ајдин да му кажеме. Шкупи во недела игра мега – дерби со Шкендија.

Ако знае, да го потсетиме.

ПретходноБугарскиот Септември се пофали со Влатко Стојановски! (ФОТО)
СледноФилип Арсеновски кариерата ќе ја продолжи во Амичитија Цирих!