Реал им го дадe Фран за „џабе“ на Рајо, сега ќе го купат од таму

492

Реал Мадрид ќе го врати својот фудбалер Фран Гарсија на „Сантијаго Бернабеу“ со тоа што ќе го откупи од Рајо Ваљекано. Угледниот спортски новинар Фабрицио Романо пренесува дека Реал и Рајо се договориле околу трансферот на овој 23-годишен лев бек.

Реал ќе плати пет милиони евра, а играчот ќе потпише договор на пет години. Сезонава Фран има две асистенции во 21 меч во Ла Лига.

Фран почна во Реал Мадрид Б, па беше прекомандуван во А тимот во 2020 година меѓутоа веднаш испратен на позајмица во Рајо Ваљекано. По една сезона на „Ваљекас“ клубот одлучи да го задржи со перманентен договор. Сега Фран се враќа во матичниот клуб.

 

ПретходноМираковски разочаран: Имавме малку расположени играчи за победа!
СледноСветскиот шампион со Шпанија се збогува со фудбалот, се префрла во друг спорт