Мајкл Џордан, веројатно најголемиот спортист во историјата, а најбогат секако со 1,7 милијарди долари, уште еднаш покажа дека пред се е голем човек. Имено тој одново донираше, но сега со рекордна сума од 10 милиони долари.
По повод роденденот, утре полни 60 години, Џордан преку својата фондација уплати 10 милиони долари на фондацијата “Направи желба“.
Целите на оваа фондација е да им се подобри животот на децата кои боледуваат од критични болести. И ова не е првпат Џордан да донира на оваа фондација.
Инаку богатството на Џордан се проценува на 1,7 милијарди долари. Тој е екслузивен промотор на Најк, Кока-Кола, МекДоналдс и уште некои познати брендови.