Легендата на белградска Црвена Звезда, Драган Џајиќ е фаворит за нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија. Според тамошните медиуми, се очекува Џајиќ да стане прв човек на српскиот фудбал по гласањето на Собранието на ФСС на 14 март.
Според информациите, доаѓањето на Џајиќ на првото место во српскиот фдубал нема да значи и промена на селекторската позиција во српската репрезентација. Според весникот „Журнал“, актуелниот преводник на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси ќе ја добие поддршката на новиот претседател и е остане на селекторското кормило се до завршувањето на квалификациите за ЕУРО 2024 година.