Судии за ПМФЛ: Ставрев ќе го суди супер-дербито во Кичево, Грујоски “главен“ во Кавадарци!

2118

Во недела стартува пролетниот дел од сезоната 2022/23 во ПМФЛ. Се играат сите пет мечеви од 19.коло, и тоа со почеток од 14 часот, Силекс е слободен. Познати се и судиите кои ќе ги судат овие први мечеви од втората половина на сезоната.

Секако дека во преден план е супер-дербито меѓу Шкупи и Шкендија, кое се игра во Кичево, а него ќе го суди Александар Ставрев. Второто дерби, тоа во Кавадарци, каде Тиквеш го дочекува лидерот Струга ТЛ ќе го суди Александар Грујоски од Кичево.

СУДИИ И ДВОЈКИ ЗА 19.КОЛО – 19.02.2023 (НЕДЕЛА-14 Ч)

Брегалница – Скопје: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)

Победа – Работнички: Јован Качевски (Струга)

Шкупи – Шкендија: Александар Ставрев (Скопје)

Македонија ЃП – А. Пандев: Игор Стојчевски (Скопје)

Тиквеш – Струга ТЛ: Александар Грујоски (Кичево)

СИЛЕКС Е СЛОБОДЕН

ПретходноПоловина од играчите на Манчестер Ј. не сакаат враќање на Гринвуд
СледноСудии за ВМФЛ: Ѓорѓиев од Штип ќе им суди на Вардар и Арсими, Иванов во Битола!