Ташовски пред дуелот со МЗТ: Не се плашиме од никого! Смилковски веќе го виде Пелистер во финале, заедно со ТФТ!

181

ТФТ го совлада Работнички во четврфиналето на Купот на Македонија со 73-78 и направи чекор кон одбрана на трофејот, а таму го чека тимот против кого лани го подигна пехарот, МЗТ Скопје.

Виктор Ташовски, една од причините поради која ТФТ се најде во полуфиналето испрати порака до противникот дека не се плашат од никого.

„Честитки до Работнички за играта. Добро го отворивме мечот, бевме тука некаде, во вториот дел го подигнавме нивото и победивме. Очекуваме победа и против МЗТ Скопје, не се плашиме од никого“, изјави Ташовски.

Смилковски исто најави и потврди дека одбрана на трофејот е нивна цел.

„И пред почетокот на мечот кажав дека ќе биде 50-50, топка или инспирација ќе го реши. Отворивме добро, црврстина и карактерот во третата четвртина беше пресудна, го подигнавме нивото во дефанзивата. Лани сонувавме за чудо да го освоиме, немојте да мислите дека не сонуваме за нов трофеј. Сакам да прочитам дека ТФТ преку вечните закажал дуел со Пелистер“. 

ПретходноСекоја чест: Мајкл Џордан со рекордна донација од 10 милиони долари! (ФОТО)
СледноМираковски разочаран: Имавме малку расположени играчи за победа!