Тренерот на Барселона, Чави Хернандез одржа прес-конференција во пресрет на првиот осминафинален натпревар од Лигата на Европа меѓу неговиот тим и Манчестер Јунајтед, кој се игра денеска од 18:45 часот.
„Се уште се лутам кога ја слушам химната на Лигата на шампионите. Треба да играме таму поради историските успеси и големината“, изјави Чави.
Да потсетиме дека Барселона не се пласираше во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Во групата Ц освои седум бода, три помалку од Интер, додека Баерн беше прв со максимални 18 бода.
Каталонците на тој начин се пласираа во второто европско натпреварување од третото место, каде што беа извлечени заедно со Јунајтед.
„Мораме да се соочиме со реалноста. Возбудени сме поради ова многу важно натпреварување за тимовите што го играат. Важно е да се постигне успех, особено во Европа, бидејќи немаме резултати веќе неколку сезони. Без сомнение, ова е добар тест за да видиме дали можеме да се натпреваруваме во Европа“, изјави Чави.