Јокиќ подобар од Дончиќ, Бриџис со 45 поени за победа на Бруклин (ВИДЕО)

130

Кошаркарите на Денвер го добија „балканското дерби“ синоќа против екипата на Далас со 118:109 и со тоа ја постигнаа третата последователна победа во НБА лигата. Денвер дојде до клучна предност во втората четвртина која ја реши во своја полза со резултат 35:19.

Сезонски рекорд во дресот на Денвер постигна Џеф Грин со 24 поени, а повторно на висина на задачата беше српскиот центар Никола Јокиќ, кој го забележа 21-от трипл-дабл сезонава со 14 поени, 13 скока и 10 асистенции.

За Далас поради повреда на грбот не настапи Кајри Ирвинг, па цел товар падна на словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ кој заврши со 37 поени, девет асистенции и четири скока.

Њујорк дојде до третата последователна победа совладувајќи ја Атланта на гости со 122:101 во меч во кој Џејлен Бренсон ги предводеше гостите до победата со 28 поени.

Бруклин на домашен терен го победи Мајами со 116:105, со рекорд во кариерата на Мајкл Бриџис (45 поени), додека Бостон славеше дома против Детроит со 127:109, со 38 поени на Тејтум.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Шарлот – Сан Антонио 120-110

Индијана – Чикаго 117-113

Атланта – Њујорк – 101-122

Бостон – Детроит 127-109

Бруклин – Мајами 116-105

Филаделфија – Кливленд 118-112

Мемфис – Јута 117-111

Оклахома – Хјустон 133-96

Денвер – Далас 118-109

ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 120-102

ПретходноГаздата на Челзи му понудил на ПСЖ 60 милиони евра за Нејмар
СледноДиректорите на Јувентус од Алегри бараат да ја освои Лигата на Европа