Газдата на Челзи му понудил на ПСЖ 60 милиони евра за Нејмар

678

Времето на Нејмар во ПСЖ полека истекува и за тоа се свеснии играчот и првите луѓе на клубот. Според француски „Ле Паризиен“, бразилскиот напаѓач може да се пресели во лондонски Челзи на крајот на оваа сезона.

Имено, според извор на весникот, сопственикот на Челзи, Тод Боли, се сретнал со неговиот колега од ПСЖ, Насер Ал-Келаифи на ручек, на кој се отворила и темата за Нејмар. Боли истакнал дека Челзи е заинтересиран за овој трансфер и е подготвен на парижани да им понуди 60 милиони евра.

Претходно беше објавено дека ПСЖ може да се раздели со Нејмар во летниот преоден рок, но од клубот немаат оформена цена која ќе ја бараат за Бразилецот. Останува прашањето дали оваа првична понуда е само пробен балон на Челзи и дали ПСЖ ќе отпочне разговори со лондончани за продажба на Нејмар.

ПретходноЛШ: Челзи промашуваше, Адејеми за победа на Борусија (Д), Бенфика доминираше во Белгија (ВИДЕО)
СледноЈокиќ подобар од Дончиќ, Бриџис со 45 поени за победа на Бруклин (ВИДЕО)