Гачевски со порака до фановите: Не смееме да дозволиме Вардар да пропадне! (ВИДЕО)

846

Повеќе од јасно е дека Вардар го чека пеколна пролетна полусезона во ВМФЛ. Нема пари, голем дел од играчите си заминаа, фановите се гневни, знаат дека тешко, многу тешко ќе биде Вардар се избори за пласман во ПМФЛ. Уште полошо, можно е и клубот да се распадне.

Во првото пролетно коло, Вардар на Автокоманда, го дочекува тимот на Арсими, па затоа голмнот Филип Гачевски испраи порака од негово име, но и од името на целиот клуб до фановите, до вардарците, до „комитите“.

Во сабота играме за Комити, играме за Вардар. Вашата поддршка во овој момент ни е најпотребна. Дојдете сите, зошто не смееме да дозволиме клубот да пропадне. Сега кога е најтешко да покажеме дека сме најсилни. Напред Вардар!“

истакна Гачевски.

ПретходноКЛ: Барди против Базел, Тричко на победа против Днипро
СледноПоловина од играчите на Манчестер Ј. не сакаат враќање на Гринвуд