Само ден по поразот од Баерн (М) во Лигата на шампионите, една од ѕвездите на ПСЖ, Нејмар заминал да игра на покер турнир.
Според француски извори, напаѓачот на ПСЖ учествувал на турнирот European Poker Tour во Париз. Во средата, Бразилецот бил забележан на покер маса на турнирот што се одржува во „Хајат Конкорд“ во Париз.
За учество на турнирот котизацијата е 10 илјади евра. Забележано е дека Нејмар брзо загубил, но успеал да се квалификува на вториот ден од турнирот, што значи дека и денеска ќе продолжи со покер-партии.
Lendemain de défaite en LDC : Neymar qui se la coule douce sur le premier tournoi de l’European Poker Tour de Paris. Tout va bien au PSG.
📸 IG Antoine Saout pic.twitter.com/peixgBF9Lm
— Amaury Lebeault (@amaurylblt) February 15, 2023