Бордот на директори на италијанскиот гигант Јувентус побарал од тренерот на тимот, Алегри да ја освои Лигата на Европа, за клубот следната сезона да може да обезбеди пласман во Лигата на шампионите. Победникот на Лигата на Европа автоматски се квалификува во групната фаза од Лигата на шампионите следната сезона.
Јувентус моментално се наоѓа на деветтата позиција во Серија А по одземањето на 15 бодови и е на 12 бода од четвртото место. Клубот ја обжали пресудата, но малку веројатно е дека ќе има некоја промена во пресудата.
Алегри никогаш не освоил трофеј надвор од Италија, но двапати го предводеше Јувентус до финалето на Лигата на шампионите. Утре „Старата Дама“ ќе се соочи со Нант во првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на Европа.