Фаворитите без поголеми проблеми ги заверија своите места на Ф4 турнирот од Купот на Македонија во одбојка. Вчера се комплетираа патниците на завршниот турнир, откако беа одиграни сите четвртфинални средби.
По завчерашниот триумф на шампионот кај дамите Работнички Скопје, вчера место во полуфиналето на Купот на ОФМ во женска конкуренција обезбедија и екипите на Јанта Волеј, Наковски Волеј и Вардар жени.
Кај мажите доминацијата беше исто така воочлива. Шкендија и Струмица убедливо ги добија своите ривали, додека пласман на Ф4 турнирот заверија и екипите на Борец и Универзитет во Тетово.
Завршниот Ф4 турнир од Купот и во двете конкуренции ќе се одржи во периодот од 24 до 26 март.
Четвртфинале (мажи)
Струмица Никоб – Весна Пробиштип 3:0 (25:13, 25:11, 25:16)
Шкендија – Работнички 47&22 3:0 (25:13, 25:12, 25:20)
ГОК Борец – Штип УГД 3:1 (25:14, 22:25, 25:16, 25:20)
Лирија – Универзитет во Тетово 1:3 (25:22, 21:25, 18:25, 22:25)
Четвртфинале (жени)
Работнички Скопје – Вардар ЕМ 3:0 (25:12, 25:19, 25:14)
Јанта волеј – Пелистер волеј 3:0 (25:19, 25:11, 25:19)
Наковски волеј – Младост УГД 3:0 (25:20, 25:18, 25:20)
Фит фан волеј – Вардар жени 1:3 (13:25, 25:22, 21:25, 19:25)