Конте остана во Италија, нема да го води Тотенхем против Вест Хем!

287

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте нема да биде на чело на неделниот дуел од Премиер-лигата против Вест Хем, бидејќи тој останува со семејството во Италија каде ќе продолжи со опоравувањето од операцијата на жолчното кесе пред две недели.

Во вторникот, Конте го предводеше тимот на „Сан Сиро“ во поразот од Милан со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

„По рутински постоперативен преглед во средата во Италија, беше одлучено Антонио Конте да остане во домот на неговото семејство за целосно да се опорави од операцијата. Здравјето е најважно и сите во клубот му посакуваат брзо закрепнување“, соопшти Тотенхем во соопштение.

Во отсуство на Конте, улогата на прв тренер ќе ја преземе неговиот помошник Кристијан Стелини.

ПретходноТетекс ги претстави новите имиња, Кировски, Стојкоски, Митров….! (ФОТО)
СледноБесарт Ибраими: Прекрасно ќе биде и со Струга Трим Лум да се радувам на титула!