КУП НА МАКЕДОНИЈА: Пелистер го победи Еуро Никел и си закажа полуфинале со Феникс 2010! (ФОТО)

132

Победник на третиот четвртфинален меч во Купот на Македонија “Благоја Георгиевски – Буштур“ е тимот на Пелистер кој успеа да го победи Еуро Никел со 79:70 и со тоа да си закаже полуфинале утре против Феникс 2010.

Интересен меч, во кој во најголем дел кавадарчани ја имаа предноста, но сепак на крајот, во тој последен период битолчани одиграа квалитетно и дојдоа до победата.

No description available.

Се почна добро за Пелистер, имаше постојано водство во таа прва четвртина, но Еуро Никел беше тука резултатски, не даваше противникот да се “одлепи“ и така беше се до 19:12, кога битолчани поведоа со седум поени.

Но тогаш потот за нив. Еуро Никел изненади со неверојатна серија од 16-1, па со тоа дојде на крајот од првата четвртина до водство од 20:28.

Во втората четвртина Еуро Никел постигна три поени, па таа серија беше од 19:1. И тогаш Пелистер сфати дека мора да запне, тоа и го направи. Брзо ја намали разликата, фати резултатски приклучок, но не дојде до водство.

No description available.

На крајот од вториот период резултатот гласеше 43:45 за кавадарчани.

Во тој дел мечот одличен беше Стојановски со 14 поени, го следеа Гавриловиќ и Младеновиќ 9 и 8 поени.

Кај Пелистер пак ритам даваа Маслинко и Караџовски со 14 и 11 поени.

По паузата, односно во тој трет период од овој натпревар и двете екипи форсираа шут за тројки, водството и натаму беше кај кавадарчани.

На средината од третата четвртина, Стојановски заработи липчна и техничк, па така со пет лични грешки мораше предвреме да го напушти теренот, а до тој момент тој беше најдобар поединец кај кавадарчани. Каков подарок за Пелистер, неверојатно.

No description available.

Пелистер веднаш дојде до водство од 57:56, но Еуро Никел врати со 57:62. Нема што, кавадарчани немаа намера да се предадат, никако. И по оваа четвртина Еуро Никел ја имаше предноста, па макар и минимална со 61:62.

На 6.39 минути до крајот Караџовски погоди тројка и израмни на 66:66. Овој резултат беше показател дека до крајот ќе следиме драма. Следуваше нова тројка на битолчани преку Карпентер за водство од 69:66 кој како што одминуваше времете се гледаше дека се разигра, и тоа како.

На крајот резултатот гласеше 79:70 за победа на Пелистер.

Кога сме кај поентерите, кај Пелистер најдобар беше Карпентер со 22 поени, секако тука беше и Караџовски, како и Маслинко кој постигна 16 поени, но имаше и повеќе блокади. Кај кавадарчани, Стојановски постигна 17 а Соколов 16 поени.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноТРЧАЊЕТО ЌЕ ТЕ ПРОМЕНИ: Започнува пријавувањето за 19то издание на Виз Ер Скопски маратон!
СледноМарјан Илиевски: Имаше нервоза кај нас, се “коцкав“, но се надевам дека утре одморените ќе ми вратат!