ТФТ е последниот патник во полуфиналето на Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“, таму ќе игра против МЗТ Скопје. Бранителот на овој трофеј успеа да остане стабилен кога беше најпотребно против Работнички кого го совлада со 73-78. Па утре во полуфиналето ќе гледаме реприза од минатогодишното финале.
Бишоп со постигна 23 поени, зад него беа Ташовски 16 поени и Костоски со 18. Кај Работнички, Форте имаше 27 поени, исто колку и Малешевиќ.
Бранителот на трофејот лесно го отвори мечот, поведе со 2-6, па со серија од 13-0 дојде на плус 13 (10-23), но по првата четвртина Работнички ја стопи предноста на пет поени (18-23). Во следниот период ТФТ имаше на двапати плус осум 26-34, но по последните 28-36, избраниците на Димитар Мираковски со серија од 12-0 за првпат поведоа на мечот 40-38.
Со овој кам-бек ја вратија неизвесноста, на одморот резултатот беше 41-42.
Се водеше вистинска битка на теренот, Работнички имаше 51-48, но Костоски не дозволи водството да отиде предалеку, па ТФТ со неговите два поени во последната четвртина влезе со минимални 56-57.
Од овој момент со серија од 2-6, ТФТ поведе со 58-63 само по нецели две минути игра. Мираковски повика тајм-аут, не вроди плод. По два нереализирани напади на двете страни Ташовски зголеми на 58-65, на 3:25 до крајот беше 63-70. Форте врати 67-70, но Батрик со тројка направи чекор напред (67-73).
ТФТ поведе и со 69-76, иако на другата страна противникот постигна четири поени за 73-76, сепак на 16 секунди Бишоп стави печат за 73-78.