Магдебург го совлада Веспрем и е во пол-позиција за четвртфинале

134

Ракометарите на актуелниот германски шампион Магдебург славеа победа над унгарски Веспрем со 32-25 и го заземаа второто место на табелата со 16 бодови, исто колку и Унгарците, но бундеслигашот има подобар меѓусебен скор. А второто место обезбедува директен пласман во четвртфинлето на ЛШ, додека Веспрем, ако остане ваква ситуацијата на табелата во наредните две кола, ќе мора да игра и осминафинале.

Најдобар стрелец кај Магдебург беше Смитс со девет гола, Вебер постигна седум, а голманот Портнер се истакна со 15 одбрани. Кај Веспрем Нилсон и Штрлек постигнаа по пет голови.

А ПСЖ ја оправда фаворитската улога против Динамо Букурешт и победи со 33-26, а претходно Сегед го совлада Кил со 36-33.

 


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore
ПретходноСветскиот шампион со Шпанија се збогува со фудбалот, се префрла во друг спорт
СледноЛЕ: Нант му извади 1:1 на Јуве во Торино, Севиља го здроби ПСВ (видео)