Реал Мадрид ќе го врати својот фудбалер Фран Гарсија на „Сантијаго Бернабеу“ со тоа што ќе го откупи од Рајо Ваљекано. Угледниот спортски новинар Фабрицио Романо пренесува дека Реал и Рајо се договориле околу трансферот на овој 23-годишен лев бек.
Реал ќе плати пет милиони евра, а играчот ќе потпише договор на пет години. Сезонава Фран има две асистенции во 21 меч во Ла Лига.
Фран почна во Реал Мадрид Б, па беше прекомандуван во А тимот во 2020 година меѓутоа веднаш испратен на позајмица во Рајо Ваљекано. По една сезона на „Ваљекас“ клубот одлучи да го задржи со перманентен договор. Сега Фран се враќа во матичниот клуб.