Светскиот шампион со Шпанија се збогува со фудбалот, се префрла во друг спорт

599

Поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Фернандо Љоренте се повлече од фудбалот на 37 години. Тој е без клуб од крајот на минатата сезона, па сега одлучи да стави крај на 18-годишната кариера.

На прашањето дали ќе се префли на аматерски фудбал или нешто слично тој одговори: „Не, место тоа ќе ја одржувам формата играјќи падел (мешавина на сквош и тенис)“.

Љоренте ја почна кариерата во Атлетик Билбао играјќи девет сезони за баскискиот клуб, а потоа играше за Јувентус, а две години подоцна се врати во Шпанија во Севиља. По една сезона во Андалузија се пресели во Свонси, играше и за Тотенхем, Наполи и Удинезе. Последниот клуб му беше Еибар.

Љоренте освои три шампионски титули во Серија А, два трофеи во Купот на Италија. Со Шпанија стана светски првак во 2010 и Европски првак во 2012 година.

 

ПретходноРеал им го дадe Фран за „џабе“ на Рајо, сега ќе го купат од таму
СледноМагдебург го совлада Веспрем и е во пол-позиција за четвртфинале