Во сабота со мечевите од 16.коло стартува пролетниот дел и во ВМФЛ. Познати се судиите и за овие мечеви, кои почнуваат во 14 часот.
Штипјанецот Крумислав Ѓорѓиев ќе им суди на Вардар и Арсими, меч кој се игра на Автокоманда. Фуркан Идризи од Тетово ќе биде главен судија на средбата Гостивар – Пехчево, додека Марјан Дејаноски од Кичево ќе го суди двобојот меѓу Беса и Саса, а Игор Иванов од Велес е задолжен за средбата Пелистер – Кожув.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 16.КОЛО-18.02.2023 (САБОТА – 14 Ч)
Пелистер – Кожув: Игор Иванов (Велес)
Вардар – Арсими: Крумислав Ѓорѓиев (Штип)
Тетекс – ГФК Охрид Лихнидос: Ндерим Тефику (Куманово)
Беласица – Детонит Плачковица: Благојче Ралевски (Битола)
Слога Виница – Борец: Марјан Младеновски (Скопје)
Воска – Караорман: Влатко Илиоски (Прилеп)
Гостивар – Пехчево: Фуркан Идризи (Тетово)
Беса – Саса Каменица: Марјан Дејаноски (Кичево)