Време ли е за отказ: Потер е најлошиот менаџер кој го водел Челзи од Глен Ходл во 90-тите!?

176

Греам Потер сигурно не може да се потпре на статистиката во својата одбрана по лошите резултати кои ги ниже Челзи во серија. Англичанецот започна во Челзи најлошо од сите тренери кои го воделе клубот во последните 30 години.

Поразот од Борусија завчера го спушти Потер на дното на листата според процентот на остварени победи како менаџер на „сините“. Тој е на пат да стане полош и од досега најлошите како Глен Ходл кој го водеше тимот во раните 90-ти.

Во средината на октомври, Челзи го победи Милан со 2-0, и Потер беше пофален за успешните пет воведни натпревари на кормилото на лондончани: четири победи и едно реми изгледаа како многу силен резултат. Само Маурицио Сари, Карло Анчелоти и Гус Хидинк почнаа подобро во Челзи од него. Тухел стартуваше со истиот резултат, но забележително поскромно во учинок (кај Потер гол-разликата беше 11:2, со Томас 6:1).

Четири месеци подоцна бројките кажуваат нешто друго.

Потер е на чело на тимот веќе 24 натпревари, што му овозможува да се споредува со другите менаџери на Челзи на поизбалансиран начин. Потер има 9 победи со процент на освоени натпревари од само 38%. За четири месеци, Греам падна на последното место меѓу сите менаџери на клубот во ерата на Абрамович.

Дури и ако ги додадеме овде Клаудио Раниери (2000 – 2004), Џанлука Вијали (1998 – 2000) и Руд Гулит (1996 – 1998), тие исто така се подобри од Потер. Засега Потер е подобар само од Ходл кој почна со само 5 победи во првите 24 меча на клупата на „сините“.

ПретходноСмилковски: Не се исполнија моите најави – финале со Пелистер! Овој МЗТ сигурно ќе опстане во АБА-лига!
СледноЕврокупот полека се „распаѓа“: Клубовите сакаат да се преселат во Лигата на шампиони!