Ливерпул може да биде среќен што Вирџил ван Дијк е блиску до враќање на терените. Холанѓанецот беше на клупата за резерви цел натпревар против Евертон, но за саботниот натпревар против Њукасл ќе биде во стартниот состав.
Ова на прес-конференцијата денеска го потврди и менаџерот, Јирген Клоп.
„Мислам дека е подготвен да започне. Вчера изгледаше совршено добро. Мислам дека денеска изгледа исто и пред мечот ќе донесеме одлука“, вели Клоп.