Проблем за Милвоки: Грчкиот ѕвер влезе во историјата – па се повреди (ВИДЕО)

117

Јанис Адетокумбо стана нов рекордер на Милвоки по асистенции (3.274), а потоа отиде во соблекувалната поради проблем со повреда. Во вториот дел од натпреварот против Чикаго, грчкиот ѕвер го поведи зглобот. Тој веднаш го напушти теренот во придружба на лекар и повеќе не се врати на теренот. Бакси славеа и без него со  112-110.

Пред заминувањето запиша 2 поени, 7 скока и 1 асистенција за девет минути на паркетот. На негово место добро одигра Брук Лопез со 33 поени, седум скока и две асистенции. На другата страна доминираше Никола Вучевиќ со 22 поени и 16 скока.

На останатите средби Минесота беше совладана од Вашингтон со 106:114, Феникс загуби од ЛА Клиперс со 107:116.

ПретходноЈувентус оштетен во Торино, Алегри кога виде го напушти теренот (ВИДЕО)
СледноЧави го извади од игра: Рафиња збесна почна да удира во столчето, па се огласи (ВИДЕО)