Тен Хаг бесен: Беше чист црвен картон, не можам да верувам што ми кажа!

1068

Манчестер Јунајтед вечерва ремизираше на гостувањето кај Барселона во натпревар кој барем според прикажаното на теренот лесно можеше да го добие.

Една од клучните ситуации се случи во вториот дел кога Рашфорд сам тргна кон голот на домаќините. Кунде успеа да дојде до него и го собори, сите на теренот бараа фаул, но главниот судија не се огласи.

Токму за оваа ситуација посебно беше бесен тренер на Јунајтед, Тен Хаг.

„Судењето имаше големо влијание на овој меч. Беше црвен картон поради фаулот над Рашфорд, тој тргна сам кон голманот“, изјави Тен Хаг.

Не застана стратегот на Јунајтед.

„Беше прекршок, можете да зборувате дали беше внатре или надвор од казнениот простор, но беше црвен картон“, кажа Тен Хаг, кој продолжи и откри што му кажал ан судијата. 

„Го прашав зошто и тој ми рече дека не е фаул. Не можам да верувам што ми кажа. ВАР ја гледаше ситуацијата и тоа не беше направено како што треба. Можеби тие се само слаби и не можат се справи со притисокот“, заврши тој Тен Хаг.

Одлуката за тимот што ќе се пласира во следната фаза од натпреварувањето ќе биде решена на реваншот одигран во Англија.

 

ПретходноКуп на Македонија: Почнува битката за трофејот кај дамите, Баскет Кам сонува за хет-трик!
СледноИ официјално А. Пандев добива италијанско -американски газда, клубот ќе се преименува во ФК Брера!