Бојан Крстевски гази цврсто по земја: Ако утре не победиме, оваа игра нема да значи ништо!

161

МЗТ Скопје се пласираше во финалето на Купот на Македонија, откако го совлада ТФТ со 102-61. Актуелниот македонски првак на овој начин му се одмазди на тимот од Тафталиџе за поразот во финалето минатата година.

„Честитки до момците за одличната игра. Не очекувавме толку висока победа, одигравме одлично во одбраната, тимски во нападот. Ако утре ако не победиме, ништо од ова нема да значи. Фокусот е на нашата игра, да поправиме, добро да се одмориме и утре да победиме“, изјави Бојан Крстевски.

Тренерот Драган Николиќ испрати комплименти до ТФТ, за нив потенцира дека сега е најважно да одморат.

„Дефинитивно влеговме свежи, има разлика во тие сати, на време го решивме ТФТ, кој имаше тежок меч против Работнички, се истрошија емотивно и физички. На прво место да ја пофалам атмосферата, ТФТ е клуб кој ќе гради свој имиџ, сигурно нема да испаднат во АБА2-лига, Боро прави добра работа, играат добра кошарка, им посакувам многу среќа.

Нема време многу, прво да се одмориме, да видиме кој ќе победи, па ќе видиме како ќе излеземе утре“, рече Николиќ. 

ПретходноСавевски без две важни ракометарки за ЕХФ неделата во март
СледноСмилковски: Не се исполнија моите најави – финале со Пелистер! Овој МЗТ сигурно ќе опстане во АБА-лига!