Иван Николов: Со победа уште на стартот да ги израдуваме фановите на Брегалница!

195

ФК Брегалница, која оваа зима доби нов тренер во името на Горан Здравков, се засили со неколку имиња, во недела во меч од првото коло во пролетниот дел, на свој терен во Штип го дочекува составот на Скопје.

Се разбира дека “сините“ се фаворити, но тие први мечеви секогаш се тешки за играње.

Иван Николов, фудбалерот на Брегалница во пресрет на овој меч, но и воопшто во пресрет на пролетната полусезона, за клупскиот сајт истакна:

Може со сигурност да кажеме дека минавме навистина квалитетни подготовки. Во тимот владее одлична атмосфера која верувам ќе не одведе кон позитивни резултати во пролетниот дел од шампионатот. Се виде низ есенскиот дел дека лигата е изедначена и очекувам така да биде и во продолжението, секој натпревар е подеднакво тежок и затоа ќе мора максимално сериозен пристап на секој дуел. Посакувам со позитивен резултат да ги израдуваме нашите навивачи уште на стартот од вториот дел од првенството“ истакна Николов.

ПретходноНевиден скандал: Фудбалерки го искршија судијата од ќотек! (ВИДЕО)
СледноКошаркарките на МЗТ Скопје обезбедија историско финале во Купот