Екипата на Џирона ја забележа највисоката победа сезонава во најсилната шпанска лига откако вечерва во 22.коло славеше со 6:2 против Алмерија. Неверојатен триумф на малиот клуб од Каталонија со кој испиша и историја.
Ова не е највисока победа на Џирона во Ла Лига, таа е остварена против Лас Палмас во јануари 2018 година со 6:0, но вечерва за првпат постигнуваат четири гола во прво полувреме.
Кастељанос го отвори резултатот, потоа на истиот играч му беше поништен гол поради офсајд, до крајот на првиот дел погодија Циганков, Рикелме и Хернандез. Во вториот дел од 77. до 79. минута реализираа Мартин и Стуани.
Гостите своите голови ги постигнаа преку Рамацани во 66 минута за 4:1 и Туре во 81 минута за конечни 6:2.
За Џирона ова е седма победа сезонава со која се наоѓа на 11 место, а Алмерија го впиша 12-тиот пораз и е на 15-тото место.