Катарците доставија понуда за Ман.Јунајтед и ветија дека ќе ја вратат старата слава на клубот

481

Катарци испратија официјална понуда за да ги откупат сите акции на Манчестер Јунајтед. Тоа што се најавуваше, сега доби и официјална потврда, шеикот Јасим Бин Хамад Ал Тани денеска ја достави понудата за откуп на славниот англиски клуб и ги откри плановите доколку биде избрана неговата понуда.

„Понудата има за цел да го врати стариот сјај на клубот, и на теренот и надвор од него. Понудата ќе биде целосна, без долгови преку Фондацијата Шаик Јасим која ќе инвестира во тимовите, тренинг центарот, инфраструктурата и стадионот“, стои во соопштението.

Британските медиуми откриваат дека Шеикот станал фан на Јунајтед во 1992 година, времето кога играа Бекам, Сколс, браќата Невил, Гигс, Шмајхел… Тоа беше неверојатна генерација на Јунајтед која правеше „партал“ во Премиер лигата и надвор од неа.

 

ПретходноОсимен погоди за историја на Наполи
СледноНаполи трча кон титулата – нови три бода и зголемување на бодовната разлика на +18! (видео)