Крос со поддршка за Суперлигата!

101

Ќе ја биде или не Суперлигата? Секако дека за ова допрва ќе видиме, посебно ако се знае дека сега иницијаторите на оваа идеја, имаат нов предлог како би изгледало натпреварувањето на најбогатите клубови во Европа.

Тони Крос, ветеранот на Реал Мадрид и еден од најдобрите германски фудбалери во изминатата деценија, јавно преку шпанските медиуми ја даде својата поддршка за Суперлигата.

И не е чудно ако се знае дека токму Реал Мадрид е главниот двигател на оваа идеја.

Мислам дека идејата за Суперлигата набргу ќе биде остварена. Во најмала рака, новата идеја, заслужува да биде разгледана со најголемо внимание. Тоа е спортско натпреварување, отворен турнир, кој го водат клубовите а не УЕФА. На клубовите не им е потребна УЕФА за тоа“ рече покрај другото Германецот.

ПретходноКошаркарките на МЗТ Скопје обезбедија историско финале во Купот
СледноРеал без Бензема и Крос против Осасуна: Анчелоти ги чува најдобрите за Ливерпул