Куп на Македонија: Почнува битката за трофејот кај дамите, Баскет Кам сонува за хет-трик!

76

Денеска стартува и Купот на Македонија во женска конкуренција, три од четирите екипи веќе го имаат подигнато трофејот, додека само МЗТ Скопје се нема закитенот со ова одличје.

Во првото полуфинале (12 часот) во СРЦ „Кале“ силите на теренот ќе ги одмерат минатогодишните финалисти, Баскет Кам и Бадел 1862.

Бранителот од Македонска Каменица е фаворит, со оглед на тоа дека на другата страна „баделки“ имаат подмладен состав. Баскет Кам во последните две години го подигна трофејот, па сега оди на хет-трик.

„Сакам на сите да им посакам среќа на овој настан. Околу женскиот дел во Купот, шансите кај четирите екипи се подеднакви за титулата и очекувам неизвесни натпревари. И двете полуфиналиња се квалитетни, наши желби и очекувања се да го освоиме Купот. Секој си има свои калкулации, но ние веруваме дека на крајот ќе бидеме шампиони“, Златко Гоцевски тренерот на Баскет Кам. 

На другата страна капитенот на Бадел стави до знаење дека немаат намера да се предадат, напротив последната победа им даде голема самодоверба.

„Сакам да им посакам успешни натпревари на сите кои се пласирани тука. Сите имаме иста цел, нè очекуваат неизвесни дуели затоа што оваа година сите екипи имаат можност да победат секого, така што се надевам на еден успешен исход за нас. Секоја екипа на турнирот има квалитетни играчи, но ние целиме кон победа“– смета Сања Лазаревска.

Во второто полуфинале ќе се сретнат (14.30 часот) Вардар и на МЗТ Скопје Аеродром.

Предводнкот на „вардарки“ Симона Деловска констатира една доста важна работа.

„Годинава нема непоразени екипи во Првата лига и се надевам на интересни натпревари. Верувам дека сите ќе го дадат максимумот и дека ќе победи навистина најдобрата екипа. Иако се соочуваме со проблеми, како здравствени, така и со повреди, најважно ни е да имаме мотив пред овие натпревари и верувам дека на крајот ќе ги оствариме целите“.

На другата страна од теренот, за прв пат во една ваква „улога“, ќе биде екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

„Женскиот кошаркарски клуб МЗТ првпат е дел од оваа завршница и за нас самиот пласман и учеството тука е успех. Досегашните натпревари покажаа дека екипите се изедначени по себе по квалитет и знам дека неизвесноста ќе биде присутна во сите натпревари. Се надевам дека мојата екипа ќе покаже добра кошарка и со тоа ќе го оправда присуството на овој Куп“, изјави Вела Красниќ.

ПретходноБитолчанецот Роберт Јосифовски освои МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 1.234.588,00 денари
СледноТен Хаг бесен: Беше чист црвен картон, не можам да верувам што ми кажа!