Наполи трча кон титулата – нови три бода и зголемување на бодовната разлика на +18! (видео)

467

Екипата на Наполи продолжува да воодушевува со игрите и резултатите сезонава во Серија А. Тимот на Лучано Спалети вечерва забележа нова победа, во рамките на 23.коло на Серија А победен е Сасуоло во гости со 2:0.

Двата гола паднаа во првото полувреме, прво погоди Квича Кваратцкелија во 12. минута, а потоа гол постигна и Виктор Осимен со што стана првиот фудбалер на Наполи кој реализирал најмалку по еден гол на седум едноподруго натпревари во најсилната италијанска лига.

Инаку Сасуоло се обиде да врати во 41 минута, но голот на Лориенте беше поништен поради офсајд. Во финишот на мечот и Џовани Симеоне даде гол за 3:0 за Наполи но беше поништен поради офсајд.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас играше до 85 минута и доби жолт картон.

Наполи е лидер со 62 бода (20 победи, 2 ремија и 1 пораз) по 23 кола, 18 повеќе од вториот Интер кој има меч помалку.

ГОЛОТ НА КВИЧА ОВДЕ

ГОЛОТ НА ОСИМЕН ОВДЕ

ПретходноКатарците доставија понуда за Ман.Јунајтед и ветија дека ќе ја вратат старата слава на клубот
СледноДва поништени гола и победа на Аугзбург за 100% ефект дома во 2023 година (видео)