Како што и беше вчера најавено, од денеска е и официјално. Имено Лука Станковски е нов член на НД Горица, тим од елитната лига во Словенија. Македонскиот младински репрезентативец за НД Горица ќе игра до јуни, а потоа ќе се врати во својот Газијантеп. Имено познато е дека поради катастрофалниот земјотрес во Турција, Газјантеп се повлече од Суперлигата и со тоа им дозволи на своите играчи да одат на позајмица во следните месеци.
Лука Станковски ја одбра екипата на НД Горица.