Фудбалерите на Реал Мадрид ќе одмораат неколку свои фудбалери викендов во домашното првенство за да задржат свежина за мечот со Ливерпул во Лигата на шампионите. Распоредот на Реал Мадрид е пеколен во наредниот период, особено ако се знае дека во еден момент ќе имаат три сериозни ривали по ред – Ливерпул, Атлетико Мадрид и Барселона.
Карим Бензема во средата со болки го заврши натпреварот со Елче, не е повреден, но физички е уморен и побара од Анчелоти да не го носи во Памплона. Исто така, Тони Крос, кој поради болест не играше против Елче, доби слободен период и ќе има уште неколку дена целосно да се опорави пред гостувањето кај Ливерпул.
Добрата вест е што Тибо Куртоа се опорави од полесна повреда и се врати во тимот, па поради повреди сега надвор од терените се Ферлан Менди и Маријано Дијаз. Реал во сабота од 21 часот е домаќин на Осасуна, а во вторник во истиот термин и на Ливерпул.