ТФТ не успеа да го оствари големиот сон – нов пехар во Купот на Македонија „Благоја Георгиевски – Буштур“. Денеска тимот од Тафталиџе беше надигран од МЗТ Скопје и тоа убедливо.
Боро Смилковски испрати комплименти на сметка на противникот за играта која според него ветува опстанок во АБА-лига.
„Честитки до МЗТ Скопје за играта, денеска сите бевме сведоци на најдобриот перформанс, кој гарантира опстанок во АБА лига. Играа меч со многу физички контакт, главниот проблем кај нас беше недостигот на фокус, после шест-седум минути игра не успеавме да примениме ништо што договоривме пред и за време на мечот. Заслужено победија.
Не се оствари мојата прогноза – финале со Пелситер, но задоволството од минатогодишниот теофеј останува, императивот останува да опстанеме во Аба 2 лига, нема да се предадеме до крајот“, рече Смилковски.