Продолжува очајничката потрага по фудбалерот а туски Хатајспор, Кристијан Атсу. Тој се уште се води за исчезнат по земјотресот кој досега однесе над 41.000 животи во Турција. Во меѓувреме пристигнуваат нови детали за последните часови на фудбалерот од Гана чија тажна судбина ги растажи сите.
Извршниот директор на Хатајспор, Фатих Илек, откри дека Атсу планирал да се врати кај своето семејство во Франција непосредно пред земјотресот, но во последен момент сам го откажал летот.
„Разговараше со тренерот барајќи слободни денови по натпреварот против Газиантеп. Тој планираше да го напушти клубот доколку најде нов тим, а неговото барање беше прифатено и тој не играше против Газиантеп. Требаше да оди во Франција кај семејството, но кога одигра добро и постигна гол на следниот натпревар против Касимпаша, го откажа авионскиот билет. Земјотресот се случи речиси истиот ден. Имаше лет во 23 часот, но го откажа летот, а потоа се случи земјотресот во 4 часот наутро, трагедија“, заклучи првиот човек на клубот.