Ретко кој очекуваше дека Феникс ќе се најде во едно финале. За многумина неочекувано, за дел и очекувано сценарио, особено кога станува збор за Купот на Македонија.
Па вчерашната изјава на Боро Смилковски, преку двата вечни ривали да игра финале со Пелистер, одговор имаше Бојан Трајковски.
„Сакам на сите млади момци, на клубот и оваа публика да им честитам за овој успех, пласманот во финалето. Вчера видовме многу желботеки, за жал сега тие што не не ставија во ниту еден план сега ќе не гледаат на ТВ“, порака Трајковски, еден од најдобрите стрелци против Пелистер.
На него се надоврза и Димчевски, кој постигна важна тројка во самиот финиш и го отвори патот кој триумфот и историското финале.
„Желботеките не мотивираа да се избориме за финале. МЗТ Скопје е моќен тим, игра во АБА-лига, ние ќе дадеме се од себе и на оваа средба“.