Чави го извади од игра: Рафиња збесна почна да удира во столчето, па се огласи (ВИДЕО)

1740

Вљубениците на фудбалот синоќа можеа да уживаат во одличен натпревар помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед, кој заврши со резултат 2:2, а видовме навистина голем број на шанси на двете страни.

Во 76. минута Рафиња, кој беше најдобар играч на Барселона, го постигна голот за 2:2. Поради ова многумина беа во шок кога неколку минути подоцна Чави реши да го извади од игра, а наместо тоа го испрати Торес на теренот.

А навивачите од трибините почнаа да свиркаат бидејќи не им беше јасно зошто Чави го вади најдобриот играч од игра, а не му беше јасно ниту на Рафиња. Бразилецот беше видно лут и разочаран што мораше да биде надвор од игра и тоа јасно го покажа.

Тој луто го напушти теренот и не ја ни подаде раката кон Торес, а потоа со рака почна да удира по седиштето пред него. Таму Жорди Алба влезе за да го смири, а истото се обидоа да го направат и другите соиграчи.

Бразилецот проговори веднаш по натпреварот и им се извини на тренерот и неговиот соиграч за ваквата недолична реакција.

„Би сакал уште еднаш да им се извинам на сите, а особено на тренерот за моето однесување при напуштањето на играта. Му се извинувам на Феран Торес, на целиот тим и на навивачите. Понекогаш толку многу гориш од желбата да му помогнеш на тимот што не можеш да контролираш некои од твоите потези. Жал ми е. Веќе разговарав со Чави“, рече Рафиња.

ПретходноПроблем за Милвоки: Грчкиот ѕвер влезе во историјата – па се повреди (ВИДЕО)
СледноПочина некогашниот светски и европски првак во скок со стап!