Американската атлетичарка, 21-годишна Ана Хол дојде на 9 бода од апсолутниот светски рекорд во петобој. Таа славеше во петобој на првенството на САД во сала во Албукерки, каде што постигна резултат од 5.004 поени и стана втора во историјата што ја надмина границата од 5.000 поени.
Нејзиниот резултат е само девет поени полош од светскиот рекорд на Украинката Наталија Добринска, поставен во март 2012 година на Светското првенство во сала во Истанбул.
Хол ги истрча 60 метри со пречки за 8,04 секунди, скокот во височина и беше од 191 см, фрлаше ѓуле 13,80 метри, прескокна во далечина 6,34 метри и истрча 800 метри за 2:05,70 минути.
За да постави нов светски рекорд, Хол требаше да трча 2:04.64 или побрзо на последната дисциплина.
Хол е освојувачка на бронзениот медал во седмобој на последното СП одржано лани во Јуџин, САД.