Екипата на Аугзбург имаше доста мака но успеа да го победи Хофенхајм во првиот меч од 21.коло на Бундес лигата. Минхенскиот тим постигна два гола кои беа поништени по реакција на ВАР системот, а за нивна среќа погодија регуларно во 88 минута и ги освоија бодовите.
Во 8 минута погоди Енгелс, но по сигнализација од ВАР собата судијата го поништи голот поради игра со рака. Во 47 минута Демировиќ ја тресе мрежата на Хофенхајм и тој гол беше поништен но сега поради прекршок во шеснаесетникот.
Кога се чинеше дека мечот ќе заврши без голови, се појави данскиот играч за врска Фредрик Јенсен кој реализира гол за победа на Аугзбург и продолжување на 100% ефект на домашен терен во 2023 година.
Аугзбург е на 13 место со 24 бода (седум победи) пет повеќе од Хофенхајм кој е место подоле. Хофенхајм има четири порази по ред, односно нема триумф веќе 10 меча по ред. Нивна најдолга серија без триумф по февруари-мај 2009 година(тогаш серијата изнесуваше 12 меча).