Еврокупот полека се „распаѓа“: Клубовите сакаат да се преселат во Лигата на шампиони!

189

Второто по ранг кошаркарско натпреварување, Еврокупот, ќе морас да направи големи промени, бидејќи според порталот „Баскет њуз“, Гран Канарија бара да го напушти натпреварувањето и да се пресели во Лигата на шампионите на ФИБА. Евролигата се повеќе се затвора, додека Лигата на шампионите ветува многу подобри финансиски награди од Еврокупот, па се повеќе клубови се подготвени да направат преселба.

Гран Канарија, кој инаку е лидер во групата „Б“ во Еврокупот, изгледа решена да го следи истиот пат по кој тргна Уникаха Малага пред две години. Шпанскиот клуб веќе ги направил првите чекори кон излез од Еврокупот со цел да влезе во кошаркарската Лига на шампиони, која расте во популарност во последните години откако е основана во 2016 година. Според пишувањата на шпанските медиуми, Гран Канарија го искористи фајнал-форот на Интерконтиненталниот куп, кој се одигра минатиот викенд во Тенерифе, каде челниците на клубот се сретнале со претставници на ФИБА и ги информирале за нивната намера.

Евролигата и Еврокупот се одржуваат под покровителство на Улеб, односно ЕЦА, додека Меѓународната кошаркарска федерација ја има „раката“ над Лигата на шампионите. Лигата на шампионите, која важи за третото најквалитетно натпреварување, последниве години се повеќе добива на популарност, пред се поради гарантираните награди. ФИБА Лигата на шампиони на учесниците им гарантира 40.000 евра за играње во регуларниот дел од сезоната, 80.000 за пласман во осминафиналето, 120.000 за четвртфиналистите, 140.000 за четврто место, 200.000 за трето, 400.000 евра за финалистот и 1 милион евра за победникот.

ПретходноВреме ли е за отказ: Потер е најлошиот менаџер кој го водел Челзи од Глен Ходл во 90-тите!?
СледноРоналдо со две асистенции му помогна на Ал Наср да победи (видео)