Она што веќе долго време се најавуваше, а тоа го потврди и самиот Горан Пандев, ФК Академија Пандев ќе добие италијанско – американски газда. Имено “Брера Холдинг“ и официјално објави дека ќе го купува клубот од струмичани, и дека истиот ќе биде ребрендиран, односно ќе се преименува во ФК Брера.
Да потсетиме дека “Брера Холдинг“ минатата недела излезе на берзата во Њујорк, а сега веќе оваа фирма која е со седиште во Р. Ирска, објави писмо со заинтересираност. Се очекува за неколку месеци сите процедури да бидат завршени и ФК Брера од Струмица да биде, во блиска иднина, еден од водечките клубови во Македонија.