Тим Лобингер, поранешниот европски и светски шампион во скок со стап, почина на 50 години по долго и тешко боледување. На поранешниот германски спортист му беше дијагностициран рак во крвта во 2017 година. Една година подоцна, се веруваше дека тој ја доби оваа битка, но ракот се врати во 2020 година. Тој почина во четвртокот во Минхен.
Лобингер беше поранешен светски шампион во сала и поранешен двоен европски шампион. Тој ја освои европската бронза во 2002 година и среброто во 2006 година на отворено. По завршувањето на професионалната атлетска кариера, тој работеше како фитнес тренер во РБ Лајпциг.
“Повеќе нема спас за мене, мојот рак е премногу агресивен. Во февруари лекарите ми рекоа дека смртта е блиску. Треба да се договориме, да се справиме со погребот и да организираме сè. Да се збогувам со моите најблиски. Разговорот со децата беше многу тежок, знаат колку ми е лошо“, изјави Лобингер за Билд пред четири месеци.
ФОТО: RBLeipzig/TWITTER