Роналдо со две асистенции му помогна на Ал Наср да победи (видео)

148

Ал Наср го совлада Ал Тавон со 2:1 во 17 коло на првенството на Саудиска Арабија со што тимот се искачи на чело на табелата. Во 17 минута Кристијано Роналдо му асистираше на Гареб за водство на Ал Наср, во 47 минута изедначио Медран додека победата за „жолто-сините“ ја донесе Маду повторно на асистенција на Роналдо.

Идното коло Ал Наср гостува на Дамак. На табелата Ал Наср е на врвот со 40 бода исто колку и вториот Ал Итихад и третиот Ал Шабаб само што тимот на Роналдо има подобра гол-разлика.

ПретходноЕврокупот полека се „распаѓа“: Клубовите сакаат да се преселат во Лигата на шампиони!
СледноБајка во „Кале“: Феникс испиша историја – закажа Куп финале со МЗТ (ФОТО)