Срамно на “Камп Ноу“: Хулиганите на Јунајтед фрлале стаклени шишиња и чаши со урина по фанови на Барса! (ФОТО)

614

Вчерашниот спектакл на “Камп Ноу“, во меч кој ќе се памети и кој беше достоен за финале на Лига на Шампиони меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед, кој заврши 2:2, беше засенет со идиотско и срамно однесување на фановите на Манчестер. Тоа се тие хулигани од Англија, кои просто го запрепастија фудбалскиот свет, а посебно фановите на Барса кои се чудеа на однесувањето на Англичаните кои 4.000 вчера на дел од трибините на велелепниот стадион, кои беа преполни со 90.000 гледачи.

Имено, со оглед на тоа дека беа сместени во најгорниот сектор на една трибините тие прво фрлале со стаклени шишиња од пиво, како ли само ги прошверцувале, по фановите на Барса кои беа под нив, а потоа откако си се олесниле фрлале и чаши со урина.

Навистина срамно.

Image

ПретходноПроблем за Чави – остана без две ѕвезди пред реваншот на „Олд Трафорд“
СледноФК Шкупи: Дербито со Шкендија ќе се одигра без присуство на публика!