Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) донираше милион долари преку својата добротворна фондација за набавка на хуманитарна помош за луѓето погодени од земјотресот во Турција и Сирија.
Познато е дека бројот на жртвите досега се искачи на 45.000 лица а се очекува оваа бројка да расте. Секако дека секој вид на помош на народот во Турција и Сирија им е повеќе од потребен.
“Донациите ќе бидат искористени за купување и дистрибуција на основни производи и предмети, како и за обезбедување на привремени засолништа. ФИФА ќе продолжи да соработува со Фудбалските федерации на двете земји, како би организирала следниот начин на дејствување“ кажаа од ФИФА.