Вљубениците на фудбалот синоќа можеа да уживаат во одличен натпревар помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед, кој заврши со резултат 2:2, а видовме навистина голем број на шанси на двете страни.
Во 76. минута Рафиња, кој беше најдобар играч на Барселона, го постигна голот за 2:2. Поради ова многумина беа во шок кога неколку минути подоцна Чави реши да го извади од игра, а наместо тоа го испрати Торес на теренот.
А навивачите од трибините почнаа да свиркаат бидејќи не им беше јасно зошто Чави го вади најдобриот играч од игра, а не му беше јасно ниту на Рафиња. Бразилецот беше видно лут и разочаран што мораше да биде надвор од игра и тоа јасно го покажа.
Тој луто го напушти теренот и не ја ни подаде раката кон Торес, а потоа со рака почна да удира по седиштето пред него. Таму Жорди Алба влезе за да го смири, а истото се обидоа да го направат и другите соиграчи.
Xavi has blood on his hands for making raphinha do like thispic.twitter.com/EuxBvCIMLl
— SAM (@Fcb_s_a_m) February 16, 2023
Бразилецот проговори веднаш по натпреварот и им се извини на тренерот и неговиот соиграч за ваквата недолична реакција.
„Би сакал уште еднаш да им се извинам на сите, а особено на тренерот за моето однесување при напуштањето на играта. Му се извинувам на Феран Торес, на целиот тим и на навивачите. Понекогаш толку многу гориш од желбата да му помогнеш на тимот што не можеш да контролираш некои од твоите потези. Жал ми е. Веќе разговарав со Чави“, рече Рафиња.